Андони Ираола е сѐ поблиску до преземање на Баер Леверкузен, откако германскиот клуб започнал сериозни преговори со шпанскиот стратег.
Според англиските медиуми, разговорите меѓу двете страни веќе се во напредна фаза и постои голем оптимизам дека Ираола ќе биде новиот тренер на „фармацевтите“ за следната сезона.
43 годишниот тренер неодамна потврди дека ќе го напушти Борнмут по три сезони минати во клубот. Во овој период остави силен впечаток со атрактивниот стил на игра и одличните резултати во Премиер лигата.
Ираола во изминатиот период беше поврзуван и со Кристал Палас и Милан, но изгледа дека Баер Леверкузен е најконкретен во намерата да го доведе на клупата.
Во германскиот клуб гледаат идеално решение во Шпанецот, кој би требало да ја продолжи офанзивната и модерна фудбалска филозофија што тимот ја негуваше во последните сезони.