Ниту еден Французин како Кунде во Барса – вчера испиша историја!

by Стефан
1 минути читање

Барселона со убедливи 3-0 го совлада Хетафе во вчерашниот натпревар, а дуелот имаше посебно значење за францускиот дефанзивец Жил Кунде, кој покрај постигнатиот гол, се запиша и во историјата на каталонскиот гигант.

Кунде во второто полувреме го постигна третиот гол за Барселона и го постави конечниот резултат, но неговото достигнување е уште позначајно поради бројот на настапи во дресот на шпанскиот шампион.

Со овој натпревар, францускиот репрезентативец стигна до 194 настапи за Барселона, со што стана Французинот со најмногу одиграни натпревари за клубот. На тој начин го надмина легендарниот Ерик Абидал, кој зад себе остави 193 настапи.

На листата на Французи со најмногу натпревари за каталонскиот клуб, зад водечкиот Кунде и Абидал се наоѓаат Усман Дембеле со 185 настапи, Клеман Ленгле со 160 и Самуел Умтити со 134.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×