1,6K
Иако долго време беше најавувано дека Алиоски сигурно ќе биде нов фудбалер на Трабзон, се чини дека тоа нема да се случи.
Последните информации од Турција велат дека луѓето од Трабознспор се предомислиле и нема да го ангажираат македонскиот репрезентативец.
Тие сметаат дека Емран Емрели кого претходно го ангажираа на левата бековска позиција им е доволен и не им е потребен друг играч на тој дел од теренот.
Летниот преоден рок е во полн ек, па наскоро треба да се знае и иднината на Алиоски кој сигурно нема да се врати во Саудиска Арабија и да игра за Ал Ахли во втората лига.