Ништо од Олимпијакос, Барди нема да се пресели во Грција

by
1 минути читање

Пред извесно време беше објавено дека Олимпијакос и Леванте постигнале договор за Барди за сума од три милиони евра плус 1,5 во бонуси. Се чекаше македонскиот фудбалер да се договори со клубот од Пиреа за трансферот да биде комплетиран. Тие му нудеа 700.000 евра годишно.

Сега, каталонскиот весник „Мундо Депортиво“ пишува дека преговорите пропаднале, не е постигнат договор. Медиумот не прецизира каде бил проблемот, дали Барди не се договорил со Олимпијакос или некој од клубовите во меѓувреме се предомислил.

Има уште еден месец од преодниот рок и толку време шанса Барди да направи трансфер и да не игра во следната сезона во втората шпанска лига.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани