Николов се врати во Унгарија, потпиша за Кишварда

by
1 минути читање

Николов во Кишварда доаѓа како слободен играч после неуспешната авантура со многу мала минутажа во романски ФЦСБ, поради што не беше ни повикуван од селекторот Благоја Милевски, а претходни имаше кратка авантура од шест месеци во италијански Лече и една сезона во молдавски Шериф Тираспол со кој играше ЛШ, откако во јануари 2021 година си замина од Унгарија.

Николов е поранешен фудбалер на Вардар, а од 2018 година беше дел од Мол Фехервар.

„Возбуден сум што се враќам во Унгарија, каде играв најдобро досега во кариерата. Сакам пак да играм фудбал и тоа на нивото како во МОЛ Фехервар. Ми требаат две-три недели за комплетно да го достигнам нивото на подготовка. Ќе дадам сѐ од себе за да ги оствариме целите, ја паметам Кишварда како многу незгоден тим, многу агресивен, против кој тешко се играше“, рече Николов.

Тој ќе го носи бројот 5, а за Македонија има 49 настапи за А-селекцијата со која играше на Еуро 2020, додека беше дел од златната младинска генерација која играше Еуро 2017.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани