Николов: Ова е катастрофа, не знам како дозволуваат на вакви услови да се игра

by
1 минути читање

Николов со гол во финишот од мечот ја завери победата на Македонија од 2-0 на гостувањето кај Гибралтар.

А по мечот тој жестоко ги искритикува условите за игра.

„Ова е катастрофа од терен и стадион и мора да го кажам, не барам алиби, па на сѐ уште и неквалитетна вештачка трева и ветер, тешко е да се игра. Искрено не знам како дозволуваат да се игра на вакви услови, но најважно е што победивме. Секогаш е задоволство да се даде гол, иако најмалку важно е кој ќе даде гол, најважно е да се победи. Ние сме спремни за да ги исполниме сите задачи од селекторот, така беше и денеска, ја исполнивме целта“, вели Николов.

Фото: Петр Стојановски – ФФМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани