Најдобрата
македонска фудбалска репрезентација со гостувањето кај Лихтенштајн во петок ги
продолжува мундијалските квалификации, а интернационалната пауза месецов
избраниците на Благоја Милевски ќе ја затворат со дуелот против Германија на
домашен терен во понеделник.
Бобан Николов
смета дека во тимот е потребна дисциплина, но и агресија, како и максимален
пристап, со тоа што фактот што сме поквалитетни од Лихтенштајн треба да го
покажеме на теренот, а победата би донела поголема самодоверба во тимот.
„Ни треба
дисциплина и агресија. Максимален пристап. Треба да пристапиме на натпреварот
со Лихтенштајн како да играме против Германија. Ни треба целосен фокус.
Поквалитетни сме од нив, но треба да го покажеме тоа на терен“ смета Николов.
„Ни
недостасува победа за поголема самодоверба во оваа репрезентација. Секој
селектор си има свои идеи, ние добро го знаеме Благоја милевски, има свои стил
на работа, секогаш оди до крај, имамвме добри три натпревари ни се надевам дека
сега ќе ја крунисаме добрата игра со победа“ додаде тој.