Манчестер ја продолжи импресивната серија под водство на Оле Гунар Солскјер, ѓаволите со три бода се враќаат од Лондон по убедлив триумф над Фулам.
Серијата погодоци ја почна и ја затвори Пол Погба. Првиот гол го постигна по асистенција на Марсијал, а конечните 3-0 ги постави од пенал.
Вториот гол за Манчестер јунајтед беше дело на Марсијал кој имаше фантастичен соло продор по кој прецизно реализираше.
Откако Солскјер е дојден во Манчестер јунајтед, Погба е инволвиран во дури 13 голови, од кои осум постигнати погодоци и пет асистенции. Втор е Сон со седум голови и три асистенции, па Агуеро со шест голови и две асистенции.
Со денешните три бода Манчестер јунајтед е на четвртата позиција со бод повеќе од Челси кој утре го игра големото дерби против Манчестер Сити.