Медиумите од Германија пренесуваат дека Нико Вилијамс испратил сигнали дека е отворен за преселба на „Алианц Арена“ но бара плата од околу 20 милиони евра по сезона.
Нико Вилијамс е една од желбите на Баерн за засилување на офанзивата и последните информации велат дека Шпанецот е отворен за преселба во Минхен и може да се замисли во дресот на „баварците“.
Па затоа директорите Макс Ебер и Кристоф Фројнд продолжуваат да водат преговори за негов ангажман.
Откупната клаузула на Нико Вилијамс е 60-65 милиони евра, сума која Баерн Минхен може да си ја дозволи.
Но проблем е тоа што Нико Вилијамс бара плата (бруто) од околу 20 милиони евра по сезона, вакви примања имаат многу малку играчи на Баерн.