Ни даваат само седум проценти шанси за прво место, но – ние веруваме во чудо (ФОТО)

by riste
1 минути читање

По ремито во Гент, Македонија остана на првото место во групата пред Белгија и Велс кои имаат и натпревар помалку, статистичарите веднаш ги пресметаа шансите за првото и второто место.

Иако во моментов е на чело на табелата, на Македонија ѝ се даваат убедливо најмалку шанси за да остане таму. Имаме најмалку шанси и за втората позиција.

Во најдобра позиција е Белгија која има 67 проценти шанса да го освои првото место, на Велс му се даваат 26,2 проценти, а на Македонија само 6,8.

Се смета дека на втората позиција ќе заврши Велс кој има 45,6 проценти на шанси за тоа, Белгија е со 29 проценти, а Македонија со 25,3.

На овој ЛИНК може да проверите што ни треба за да го освоиме првото место и директно да се пласираме на Мундијалот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×