Гери Невил
минатата недела излезе со коментар за шансите на Арсенал да стигне до титулата
во Премиерлигата оваа сезона, легендата на Манчестер јунајтед порача дека
„топчиите“ нема да бидат шампиони, а нема да финишираат ниту како вице-шампиони,
ќе завршат на позицијата број 3.
Поранешниот
дефанзивец и синоќа излезе со ваква прогноза, не го предомисли ниту победата на
Арсенал против Манчестер јунајтед со гол во финишот од мечот.
„Нема да ја
освојат титулата, ова го велам бидеји Арсенал ја нема освоено титулата 20 години
и поголемиот дел од играчите немаат освоено ништо. За да можат да ја освојат
титулата, треба да покажат дека се подготвени да го издржат вториот дел од
сезоната“ – вели Гери Невил.
„Манчестер Сити и
тоа како е во трката за титулата. И во минатото биле во слична позиција и на
крајот успевале да ја освоја титулата. Да, во моментов заостануваат доста зад
Арсенал, ако „топчиите“ го добијат заостанатиот натпревар разликата ќе биде 8
бода. Но ќе имаат меѓусебен дуел, а и до крајот има уште многу натпревари“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.