Неверојатни шест минути на Хампден Парк, два гола на Грифитс од слободен удар, па Кејн ја спаси Англија од пораз (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Секунди ја делеа Шкотска од прва победа над лутиот локален ривал по 18 години, но Хари Кејн во 93. минута спречи
радост на Хампден Парк во Глазгов.

Англија беше
подобар противник и „Трите Лава“ заслужено дојдоа во водство преку Окслејд
Џемберлејн во 70. минута.

Но потоа
следуваше неверојатен кам-бек. Грифитс постигна прекрасен погодок од слободен
удар во 87. минута, а истиот играч во 90. минута, исто така од слободен удар
донесе предност за Шкотска од 2-1.

Сепак, домаќините
не издржаа па Кејн во 93. минута погоди за 2-2 и помогна Англија да избегне
пораз.

Данска со 1-3 триумфираше
на гостувањето кај Казакстан, Северна Ирска победи со 0-1 на гости кај
Азербејџан, а Словенија пред своите фанови со 2-0 славеше над Малта.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани