Неверојатни детали во договорот на Рамос: Смее да бира кога ќе одмара, добива процент за секој продаден дрес…

by 24 фудбал
1 минути читање

Серхио Рамос неодамна потпиша со Монтереј како слободен агент, а таму беше пречекан како што му доликува.

Големиот шампион доби неверојатен договор со мексиканскиот клуб. На Рамос му биле исполнети сите барања. Тој доби плата од четири милиони евра, како и бројни бонуси. Ќе заработува плус пари за секој настап на Светското клупско првенство, за секој старт на натпревар, како и голови и асистенции.

Исто така, Серхио Рамос ја побара и доби капитенската лента во клубот и цеосни права за своето име и фотографии, како и 2% од секој продаден дрес. Покрај тоа има право да преговара со друг клуб во одреден момент ако дојде понуда.

Веројатно најинтересниот услов е податокот дека Рамос има право да одбере кој натпревар може да го одмори и прескокне.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани