Неверојатна приказна од Островот: Семејството го исфрлило од дома кога признал дека е геј, а сега е пред трансфер на кариерата

by Стефан
3 минути читање

Помеѓу необичните спортски приказни во последните денови се издвојува и онаа на младиот напаѓач од Брегот на Слоновата Коска, Ричард Коне (21) кој е на чекор од исполнување на својот сон.

Ричард Коне од 2024 година е професионален фудбалер. Младиот напаѓач од Брегот на Слоновата Коска на почетокот на минатата гофина премина во англискиот третолигаш Векомб Вандерерс и играше одлично и тоа го доведе до можен трансфер на кариерата.

Овој млад фудбалер во 2019 година играше Светско првенство за бездоминици и на тоа натпреварување откри дека станал бездомник откако семејството го исфрлило кога признал дека е геј.

Во меѓувреме се смири со мајката, а по Светското првенство во 2019 година се задржа во Англија и почна да игра за аматерскиот клуб Атлетик Невхам.

Во текот на првата клупска сезона постигна неверојатни 42 гола на 48 натпревари и веднаш доби проба во Колчестер и еден клуб од Премиер лигата. Сепак, статусот со неговата виза го спречуваше да игра професионален фудбал.

Откако ги среди проблемите во јануари 2024 година го потпиша првиот професионален договор и тоа со третолигашот Векомб Вандерерс и тука одигра одлично во првата година постигнувајќи 16 голови. Сето тоа го доведе на чекор од трансфер на кариерата.

Во текот на последните денови од преодниот рок сега се очекува Коне да потпише договор со Лутон, тим кој минатата сезона играше во Премиер лигата, а сега е во Чемпионшип.

Интересно е дека во купот Коне постигна гол против Астон Вила и така го сврте вниманието на себе. Понудата на

Лутон за неговите услуги изнесува шест милиони евра што е неверојатна промена во однос на пред пет години кога беше бездомник.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани