На денешната прес-конференција во просториите на Неуромедика и официјално беше потпишан договор за спонзорство. Договорот го потпишаа директорот на Неуромедика д-р Емил Угриновски и сопственикот на ФК Вардар, Слободан Крстевски.
„Неуромедика е претпознатлив бренд кој се грижи за врвните проекти во Македонија од спортски аспект. Голема чест ни претставува што сме дел од „црвено-црното“ семејство и за најтрофејниот клуб во државата во престојниот петгодишен период ќе обезбедиме квалитетна и професионална медицинска грижа“, изјави д-р Емил Угриновски.
На официјална прес-конференција присуствуваат и дел дел од вдачите на Стара гарда Комити и навивачката група Комити.
Вардар оваа сезона се бори за експресно враќање во Првата фудбалска лига.