Несторовски пред кам-бек во Серија Б – Тернана и Козенца потенцијални дестинации

by
2 минути читање

Еден од најпознатите новинари Џанлука Ди Марцио објави дека во моментов Тернана е најблизу до потписот на прилепчанецот, кој од 2016 година е на Апенините, а во последните четири години беше дел од Удинезе, но му заврши договорот и сега е слободен.

Втората опција засега за Несторовски на нецели три недели до крајот на преодниот рок е Козенца која покажала интерес, но Тернана во моментов е во предност.

Инаку Несторовски во моментов тренинра индивидуално со уште еден свој соиграч од Удинезе во исчекување на трансфер за продолжување на кариерата. Тој во Италија дојде во летото 2016 година, во Палермо за пола милион евра од хрватски Интер Запрешиќ.

@2024 – Сите права задржани