Удинезе ја
оправда фаворитската улога и го совлада Кротоне со високи и убедливи 4-0 на
свој терен во рамките на 16 финалето од италијанскиот куп.
Со тоа Удинезе се
избори за пласман во осминафиналето каде ќе ги одмери силите со Лацио, а нашиот
напаѓач Илија Несторовски на денешниот меч во игра влезе во 65 минута, во
моменти кога фаворитот веќе го имаше поставено конечниот исход, а Прилепчанецот
имаше и една шанса да погоди, но неговиот обид заврши само во конструкцијата од
голот.
31 годишниот
Македонец претходниот меч со Милан го проследи само од клупата за резервни
фудбалери, а во мечот со Емполи одигра 12 минути, а Несторовски полека но сигурно ја креира формата по повредата поради паузираше подолг период.