Палермо дојде до
минимална, но мошне значајна победа од 1-0 против Венеција во реванш мечот од
плејоф серијата од Серија Б, за влез во најсилниот фудбалски шампионат на
Италија.
Мечот во Сицилија
го реши Домици со својот автогол уште во петтата минута од средбата, а
Трајковски, кој беше стартер, играше се’ до 76. минута. На клупата за резервни фудбалери остана Несторовски и од
таму го проследи целиот натпревар.
Инаку, што се однесува до погодокот, токму Трајковски беше најпрво во чиста ситуација да погоди, но неговиот обид беше одбранет, за потоа Домици да погоди во сопствената мрежа. Во 89. минута Палермо можеше и да зголеми на 2-0, но Ла Гумина промаши од белата точка.
Својот противник
во финалната битка за влез во Серија А, која исто така се игра со раванш,
Палермо ќе го дознае со вечерашната реванш пресметка помеѓу Фросиноне и
Цитадела, во првиот меч помеѓу овие две екипи резултатот гласеше 1-1.