Несторовски: Би сакал на Донарума да му дадам гол!

by
2 минути читање

Година ипол после чудото во Палермо, Италија ќе сака да се одмазди за невидениот шок кој сѐ уште ги боли, а четирикратниот светски првак и актуелен европски владетел доаѓа и со нов селектор, Лучано Спалети, човекот кој во Наполи го донесе првото „скудето“ по 33 години пауза.

„За Италија се спремаме како за секој друг меч. Знаеме дека ќе се судриме со извонреден тим, но фокусирани сме на нас, се подготвуваме на најдобар начин и ќе се обидеме да победиме. На кого сакам да му дадам гол, Вивиано или Донарума? Јас и на двајцата им имам дадено гол. Со првиот играв заедно, а ако треба да бирам, би сакал на Донарума да му дадам гол.

Македонија веќе покажа дека може да игра со секого, единствено не можеме со Англија. Одигравме извонредно со Украина, сѐ е отворено. Сега сме фокусирани за Италија, се надевам на три бода. Потоа ни следи Малта, која не е противник со кој имате гарантирано сѐ. Италија е европски првак, ама поради Македонија не играше СП. Сепак, силен тим е. Не може да кажеме дека Италија е слаба, зашто има фантастични играчи, кои играат во големи клубови“, вели Несторовски.

Бившиот фудбалер на Палермо и Удинезе, кој од неодамна е член на Асколи, потенцира дека сѐ надева на добар меч, после јунското фијаско и дебаклот со Англија.

„Италија ќе биде мотивирана со Спалети, знам дека во позадина ќе се посебно мотивирани, дека си велат: ‘загубивме од Македонија, поради нив не игравме СП’. Но, ние сме подговени, се надевам сѐ добро ќе оди за нас. Инаку Спалети е одличен, играше 4-3-3 со Наполи, мислам дека така ќе игра и сега со Италија. Кој ќе игра во напад на Италија не знам, има многу одлични напаѓачи. Знам дека не е лесно да се игра за репрезентација, не е како во клуб, тешко е сѐ да разберете и сфатите во пет дена“, додаде Несторовски.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани