Необична сцена во Бразил: Меч беше прекинат откако се надува теренот (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Неверојатна сцена го одбележа натпреварот меѓу Флуминенсе и Миксто во бразилската женска лига, кој накратко беше прекинат поради бизарен проблем со теренот.

Само што започна второто полувреме, при водство од 1-0 за Флуминенсе, на тревникот се појави голема испакнатина која веднаш го привлече вниманието. Фудбалерките се обидоа сами да го израмнат теренот, но без успех, па судијата мораше да ја прекине играта.

По брза интервенција на службите, проблемот беше отстранет и натпреварот продолжи. Се претпоставува дека причината е насобран воздух или вода под површината. И покрај необичниот прекин, Флуминенсе ја задржа контролата и славеше со 2-0, со голови на Кеке и Леле, што им донесе напредок на табелата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×