Некогаш играше за Баерн, од 2020 работи како тренер – а сега на 43 години ќе игра во четвртата романска лига!

by 24 фудбал
1 минути читање

Поранешниот хрватски репрезентативец Даниел Прањиќ ќе се врати на фудбалот оваа пролет на 43-годишна возраст.

Човекот кој во минатото беше дел и од Баерн Минхенм настапуваше за Херенвен, Динамо Загреб, Спортинг, Панатинаикос… а сега ќе заигра во четвртата лига на Романија. Клубот АЦС АКСИ Адунати Копачени го промовира Прањиќ за пролетниот дел од сезоната, со цел пласман во третата лига.

Ова ќе биде аматерски и рекреативен ангажман за Прањиќ, но може да му помогне на неговиот нов тим. Инаку, тој живее во Романија со својата девојка која е токму со романско потекло.

По играчката кариера од 2020 година наваму Даниел Прањиќ беше играч-тренер на Омонија Псевда, а потоа ги водеше Дубрава, Трње, Слобода Тузла, Ахиорнас Онисилос и ГОШК Габела.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани