Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес жестоко распали по првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино и неговите планови за иднината на Светските првенства.
Џани Инфантино се обидува да протурка големи измени кога се во прашање Светските првенства, од проширување на мундијалите со 64 репрезентации, до продажба на Светското на приватни инвеститори.
Последнава идеја предизвика голема бура, најжестоко реагираше УЕФА, која порача дека националните тимови од стариот континент нема да бидат дел од едно вакво Светско првенство.
Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес смета дека токму УЕФА го има клучниот збор за сите промени и ги повика земјите од Европа да се обединат.
„Мислам дека Европејците не се свесни колку навистина се моќни. Светско првенство без европските репрезентации нема никаква вредност. Ако Европа биде обединета и остане цврста на својот став, Инфантино нема да може да го спроведе својот план“ – вели Ули Хенес.
„А ако сака да тера по свое, тогаш нека гледа Фиџи против Зеленортските острови на Светско првенство!“
ФОТО: X/FIFA