70
Бразил продолжува
со подготовките за Копа Америка а добра вест е тоа што Нејмар повторно се
вратил на тренинг. Напаѓачот во вторникот се пожали на болки во коленото, и
одмараше во средата и четвртокот, но не се работи за ништо сериозно и тој ќе биде во комбинација за контролката со Катар следната недела.
Тите денеска
можеше да смета и на напаѓачот на Гермио, Евертон, но се уште се чека на
пристигнувањето на Роберто Фирмино и Алисон, кои играат финале од ЛШ со
Ливерпул како и дуото на Коринтијанс, Фагнер и Касио.
Тренинг кампот го
напуштија неколку младинци кои беа повикани на помош, а помеѓу оние кои заминаа
беше и Вевертон, кој во вторникот го понижи Нејмар и му ја протна топката низ
нозе.