Нејмар се повреди по десет минути, Бразил одигра 1-1 и против Нигерија (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Кариоките“
никако да влезат во ритам по триумфот на Копа Америка пред неколку месеци,
попладнево одиграа уште едно реми од 1-1 на турнејата во Сингапур.

Бразилците се
мачеа со Нигерија, а го загубија и Нејмар, првата ѕвезда на тимот на теренот
издржа десетина минути и поради повреда на мускул на левата нога рано
беше повлечен од игра.

„Супер орлите“
поведоа со 1-0 во 35. минута. Арибо доби топка на врвот од шеснаесетникот,
потоа се прошета низ одбраната на Бразил и го матираше Едерсон.

Шампионот на
Јужна Америка изедначи на стартот од вториот дел, кога по еден корнер настана
мешаница, Касемиро најдобро се снајде и погоди за 1-1.

Касмеро потоа се
закани одново по еден прекин и ја погоди стативата, а убави прилики имаа и
Ришарлисон и Кутињо, но нивните удари во последен момент беа изблокирани.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани