Нејмар пет пати и се јавил на Барса, молел да се врати на Камп Ноу!

by
1 минути читање

На почетокот од оваа
недела, Радио Каталуња објави дека се кова стратегија за враќање на Нејмар на
Камп Ноу. Главниот скаут на Барселона во Бразил, Андре Кури за празничниот
период одржал серија средби со придружбата на напаѓачот.

Тој разговарал и со агентот Пини Захави, кој работеше на рекордниот трансфер на
Нејмар во ПСЖ за 222 милиони евра, како и со Алваро Коста, кој е близок
пријател на фудбалерот.

Денеска на оваа
тема пишува и „Ел мундо“, весникот пренесе дека изминативе месеци, Нејмар преку
неговиот татко, пет пати и се јавил на Барселона, за да бара или поточно да моли
да се врати назад. Нејмар постариот лично му се јавил на претседателот Жосеп
Мариа Бартоме, како и на видни членови од бордот на директори.

Извори блиски до
случувањата за „Ел мундо“ велат дека разговорите започнале во последниот дел од
минатата сезона, додека пак последниот повик бил направен неодамна. Таткото на
Нејмар во разговорите со лидерите на Барса испратил порака дека неговиот син
„погрешил кога заминал во 2017“ и дека „многу жали“.

Од таборот на „каталонците“
му порачале на Нејмар постариот дека не можат да разговараат за трансфер додека
се тужат и бараат десетици милиони евра обесштетување. Бразилецот ја даде Барса
на суд откако клубот одби да му исплати бонус од речиси 30 милиони евра.
Рочиштето од овој процес е закажано на 31. јануари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани