Бразилецот Нејмар вчера и официјално се врати во редовите на бразилскиот Сантос и беше претставен на стадионот каде што ја започна кариерата.
Нејмар го прекина договорот со саудискиот Ал Хилал и одлучи да се врати во неговата татковина.
Стадионот на неговото претставување беше исполнет речиси до последното место, а атмосферата која ја направија навивачите го расплака бразилскиот ас.
Neymar’s return to Santos is beautiful.
— TC (@totalcristiano) January 31, 2025
Every footballer should return to their childhood clubs before retirement.
pic.twitter.com/x4agb2mbel
Кариерата Нејмар ја започна во Сантос, а во 2013 година се пресели во Барселона со која освои се што можеше да се освои, по што следуваше трансфер во ПСЖ за 222 милиони евра. Со таа сума Нејмар се уште е најплатен фудбалер во историјата.
Во Ал Хилал иако доби договор од 100 милиони евра годишно сепак не покажа ништо и одигра само седум натпревари во кои постигна еден гол.