132
Нејмар, заедно со Паулињо и Тиаго Силва останаа во хотелската теретана да работат физички вежби додека останатите 20 играчи од националниот тим одработија комплетен тренинг.
Нејмар кој одигра под своето ниво против Швајцарија, беше фаулиран десет пати од противничките играчи за време на првиот меч од Светското првенство.
Некој од тие удари бил особено тежок, па Нејмар не можел да тренира како и преостанатите. Според зборовите на селекторот Тите, Нејмар не бил комплетно подготвен ниту пред дуелот со Швајцарија.
Сепак тој ги одигра сите 90 минути против Швајцарија, се очигледно со последици по телото.
Бразил шанса за поправен ќе има веќе во петок кога во второто коло игра против Костарика.