Нејмар ги
реализираше заканите, Ел Мундо денеска пренесе дека Бразилецот доставил тужба
против Барса, напаѓачот бара 30 милиони евра од „Каталонците“.
Ѕвездата на ПСЖ
преку судски пат ќе се ја бара премијата од 26 милиони евра плус камата.
Ова е само продолжуање
на војната помеѓу двете страни откако Бразилецот со чек од 222 милиони евра во
август си го откупи договорот и направи трансфер во ПСЖ.
Клубот од Камп
Ноу кога дозна за намерата на Нејмар да се пресли во Париз, одби да му го исплати
вториот дел од премијата (26 милиони евра) која тој требаше да ја добие за тоа
што во ноември 2016 стави потпис на нов договор.
„Каталонците“ оваа
сума ја доставија како депозит кај нотар како доказ дека имаат намера да ја
исплатат премијата доколку играчот продолжи да го носи нивниот дрес, но откако
Нејмар потпиша за „Светците“, Барса јавно соопшти дека нема да му даде ниту
едно евро на Бразилецот.
Во таборот на
Барса веруваа дека Нејмар прекршил неколку одредби од договорот, па тие доставија
и тужба во која бараат оштета од околу 75 милиони евра.