Нејмар ги критикувал соиграчите и се фатил за гуша со спортскиот директор, ПСЖ го продава Бразилецот!

by
1 минути читање

Иднината на Нејмар во Париз е ставена под голем знак прашалник, неколку извори пренесуваат дека ПСЖ решил да го продава Бразилецот. Ова следува по инцидентот кој се случи изминатиов викенд и тешкиот пораз од Монако.

Нејмар ги критикувал соиграчите Витиња и Уго Екитике, им замерувал за погрешни додавања и погрешни одлуки на теренот. Бразилецот до толку претерувал со замерките што дури и фудбалерите на Монако не можеле да поверуваат што слушаат.

Тензијата во соблекувалната била на високо ниво по крајот на натпреварот, масло во огнот дотурил спортскиот директор Луис Кампос, кој ги „реднал“ фудбалерите за слабото издание.

Нејмар и Маркињос не сакале да премолчат, па настанала гужва, се шпекулира дека напаѓачот се фатил за гуша со спортскиот директор.

Па ПСЖ повеќе нема да го толерира Нејмар и сака што поскоро да се раздели со Бразилецот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани