Турскиот нисколигаш Харунастаспор стана првиот клуб кој купил играч со Биткоин. Го пазариле Омар Фарук Кироглу за 0,0524 биткоини кои во моментов имаат вредност од 423 евра.
Овој турски клуб кој е непознат дури и во својата земја, стана многу популарен откако стана првиот кој купил играч со Биткоин. Токму тоа било и нивната цел, светот да слушне за нив.
„Го плативме Омер со Биткоин, за да може целиот свет да слушне за нашиот клуб. За нас се зборува на телевизија и горди сме на тоа. Харунастаспор секогаш е отворен за иновации и за новитети, а со ова покажавме колку сме модерни“, вели Халдун Сехит, претседателот на клубот.
Bir ilk… Bitcoin transferi https://t.co/I78NMayqwd pic.twitter.com/YGn2vWxqHs
— NTV Spor (@ntvspor) January 30, 2018