„Специјалниот“ не се штедеше на денешната средба со новинарите и најпрво удри по медиумите и сториите за негово заминување од Олд Трафорд ги нарече ѓубре.
Португалецот исто така не пропушти и да испрати провокација до дел од своите колеги.
На прашањето дали ја изгубил пасијата бидејќи сега е многу помирен крај аут-линијта во споредба со минатото, тој одговори: „Поради тоа што не се однесувам како кловн покрај аут-линијата сметата дека сум ја загубил пасијата?“
„Преферирам да се однесувам онака како што се однесувам сега, многу позрело и тоа е подобро и за мене и за мојот тим“.
„Мислам дека нема потреба да се однесувате како лудак покрај аут линијата за да имате пасија. Пасијата се гледа од тоа како сте посветени на работата, а не што правите пред камерите“.
Многумина сметаат дека ваквата провокација на Жозе Мурињо е наменета за Антонио Конте и Јирген Клоп, кои најмногу се соживуваат со натпреварите и темпераментно со гестикулации реагираат на случувањата на теренот.