Не случајно е дебел и често се повредува: Не сум видел помрзелив фудбалер од Азар!

by
2 минути читање

Еден Азар во Челси
се промовираше како еден од најдобрите фудбалери во светот па во 2019 стана
рекордно засилување на Реал, „кралевите“ за неговите услуги платија 115+
милиони евра.

Но авантурата на
фудбалерот од Белгија во Мадрид е големо разочарување, проблемот со колограмите
и честите повреди му ја ограничија минутажата и тој беше само бледа сенка од играчот
кој правеше дар-мар во Премиерлигата.

Очигледно карактерот
на Еден Азар му направи проблеми на „Сантијаго Бернабеу“, Џон Оби Микел открива
дека не видел помрзелив фудбалер од напаѓачот.

„Не бев свесен колку
многу значи тренингот во Челси се додека не им се приклучив. Како што играат во
Премиерлигата, така тренираат. Летаат стартови, има тепачки бидејќи сите сакат
да бидат во стартниот тим. Нема простор да си речете, „Денес некако не ми се
тренира“. Единствен кој знаеше да го направи тоа и да се извлече беше Еден Азар“
– раскажува Оби Микел.

„Не сум видел
помрзелев фудбалер во мојот живот. Арно ама, доаѓа викенд, натпревар од
Премиерлигата и тој прикажува партија со која го избираат за играч на натпреварот“
.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани