„Не, не е сон… дома е!“ – Динамо Загреб го пречека Адеми (ФОТО)

by
2 минути читање

Динамо Загреб се израдува на доаѓањето на Аријан Адеми, македонскиот фудбалер беше пречекан со шпалир од соиграчите. Клубот објави пост на социјалните мрежи со фотографии од пречекот и напиша: „Не, не е сон, дома е“.

Во отсуство на Адеми, капитен на Динамо Загреб беше бруно Петковиќ, тренерот Сергеј Јакировиќ нема дилеми кој ќе ја носи лентата сега.

„Бруно рече: само еден е капитен. Петковиќ, Ристовски и Мишиќ за мене се продолжена рака. Исто како и Дино Периќ кој е тука веќе пет години. Но кога е на теренот, Адеми ќе биде капитен. Кога него ќе го нема, Бруно ќе ја носи капитенската лента“, рече тренерот Јакиривоќ.

@2024 – Сите права задржани