Не е само зделката Брозовиќ-Кеси, Интер и Барса ќе трампаат и напаѓачи?!

by
1 минути читање

Минатата недела,
медиумите од Шпанија објавија дека Барселона му понудила на Интер трампа со
која Франк Кеси ќе се пресели на „Џузепе Меаца“ а Марсело Брозовиќ ќе заврши на
„Камп Ноу“.

Медиумите од
Италија сега пишуваат дека „нероаѕурите“ сериозно размислуваат за еден ваков
трансфер.

Интер смета дека
Хакан Чалханоглу и Кристјан Аслани можат да го заменат Марсело Брозовиќ во
средниот ред, плус зделката ќе им донесе добра капителна добивка, па се
примамени од идејата.

Но ова не е
единствената зделка на која работат двата клуба, се водат преговори и за трампа
во која ќе бидат вклучени Мемфис Депај и Хоакин Кореа.

Извештаите велат
дека се испеглани најголемиот дел од деталите и недостасува само Холанѓанецот
да каже ДА.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×