Не е само натпреварот со Конго, Роналдо нема гол на големо натпреварување десет натпревари во низа!

by Стефан
1 минути читање

Сѐ погласни се критиките на сметка на Кристијано Роналдо и неговата улога во португалската репрезентација, особено по настапот против Конго на Светското првенство.

Иако Португалија располага со низа врвни фудбалери и креативци во средниот ред и нападот, многумина сметаат дека играта на тимот е ограничена поради присуството на Роналдо на теренот.

Токму дуелот со Конго ги отвори дилемите околу неговата форма. Напаѓачот на Ал Наср не успеа да се запише меѓу стрелците, а статистиката дополнително го потврди неговото скромно издание. Во текот на целиот натпревар не упати ниту еден удар кон голот, не забележа успешен дриблинг, не изнуди фаул и речиси не придонесе во дефанзивните задачи. Натпреварот го заврши со само 24 контакти со топката.

По ваквиот настап, сè повеќе се наметнува прашањето дали селекторот треба да продолжи да му дава доверба во нападот. Дополнителен повод за критики е фактот што Роналдо веќе десет натпревари по ред на големите натпреварувања не успева да ја затресе противничката мрежа.

На последното Европско првенство остана без погодок, а неговиот последен гол на голема сцена датира од Светското првенство во Катар, кога беше прецизен против Гана во групната фаза. Тоа воедно остана и негов единствен погодок на тој Мундијал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×