Мохамед Салах и официјално го продолжи договорот со Ливерпул, ставајќи крај на шпекулациите за евентуалното заминување од клубот, иако во текот на сезоната постоеше реална можност капитенот на Египет да го напушти „Енфилд“.
Салах имаше низа забелешки за својата улога во тимот, но одличната сезона и доаѓањето на новиот менаџер Арне Слот ја сменија сликата. Со освоената титула во Премиер лигата и позитивниот амбиент во клубот, навивачите со останувањето на првата ѕвезда добија уште една причина за славје.
Сепак, Салах призна дека ситуацијата можела да оди и во друга насока бидејќи добил исклучително богата понуда од Саудиска Арабија. Сепак, љубовта кон Ливерпул и блиската врска со навивачите пресудија.
„Преговорите со клубот беа долги. Ја знам политиката на Ливерпул, но најдовме заеднички јазик и сите сме задоволни. Притисокот од навивачите имаше голема улога знам дека од почетокот сакаа да останам. Моите односи со челниците на саудиската лига се одлични и,доколку не потпишев нов договор, верувам дека ќе се преселев таму“, изјави Салах.
Салах во Ливерпул е од 2017 година, а претходно го носеше дресот на Базел, Фиорентина, Рома и Челси.
Фото: Liverpool FC/X