„Мундо Депортиво“ потврди дека каталонците размислуваат за изненадувачки трансфер и ангажман на 36 годишниот Иван Перишиќ, тренерот Ханси Флик е тој кој инсистира на една ваква зделка, ја цени сестраноста и искуството на Хрватот.
Минатата недела, германски Билд објави дека Барселона сака да го донесе Иван Перишиќ, веста за изненадувачки трансфер сега ја потврди и Мундо Депортиво.
Повикувајќи се на извори блиски до тренерот Ханси Флик, весникот објави дека веќе се работи на зделката и Хрватот е желен за трансфер на Камп Ноу.
Луис Диаз и понатаму останува приоритет за засилување на левата крилна позиција, трансферите не се поврзани еден со друг.
Едноставно Ханси Флик сака да ја зголеми конкуренцијата во тимот, ја цени сестраноста и искуството на Иван Перишиќ, и смета дека репрезентативецот на „коцкестите“ може да има голем допринос и покрај тоа што има 36 години.
Двајцата добро се познаваат од времето во Баерн, Иван Перишиќ беше дел од составот кој во сезоната 2019/20 ја освои тројната круна со триумф во Бундеслигата, Лигата на шампиони и Купот на Германија.
Иван Перишиќ може беспари да се пресели на Камп Ноу, неговата плата нема да биде големо оптоварување за буџетот, па ова е уште една причина зошто да се реализира една ваква зделка.
ФОТО: X/PSV