Навивачката група „Кастриоти“ бара турскиот спонзор да го напушти клубот, тие сметаат дека не се работи доволно професионално.
Според нив, турскиот газда го променил идентитетот на клубот, тие бараат да се врати името ФК Гостивари, клубските бои да не бидат допрени, да нема паралелни навивачки групи, фејскбук страната да биде само на еден јазик (албански) а не како сега на албански, турски и македонски, фејсбук страната да биде водена од личност од општината и да нема провокативни постери на стадионот од клупска страна.
Раководството на клубот брзо одговори на соопштението на навивачката група.
„Обраќање до сите жители на Гостивар. Ние сме тимот на сите гостиварци. Во такви околности, ниту една навивачка група не би продолжила да бара оставка од претседателот на непоразениот тим. Оние кои повикуваат претседателот на непоразениот тим да поднесе оставка се само „политички групи“. Политичките групи нека ја покажуваат својата политичка кауза во политичките партии. Не дозволувајте политика над нас. Нас нè интересира само фудбалот“, стои во соопштението на ФК Гостивар.
Ова не е првпат навивачката група „Кастриоти“ да бара заминување на турскиот спонзор, слично беше и во септември.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.