Навивачите на Ливерпул мораат да бидат трпеливи, вели Ван Дајк

by
1 минути читање

Дефанзивецот од
редовите на водечката екипа во моментов на табелата во Премиерлигата, Ливерпул,
Вирџил Ван Дајк вели дека ја почувствувал нервозната атмосфера на гледалиштето
од Енфилд арената во синоќешното реми од 1-1 против Лестер.

Трката за
титулата во најсилниот фудбалски шампионат на Англија продолжува, а по поразот
на Манчестер Сити кај Њукасл со 2-1, Ливерпул има пет бода предност над својот
најголем ривал, остануваат уште 14 кола кои сигурно ќе бидат мошне интересни.

Звучеше така
рече Ван Дајк на прашањето дали ја почувствувал нервозата од гледалиштето на
Енфилд.

Се почувствува
тоа чувство кое го имаа навивачите, мислам дека сето тоа е сосема непотребно во
овие моменти. Секој сака да победи, истата желба ја имаме и ние, но, некогаш
треба да се биде многу трпелив
“ порача Холанѓанецот.

Претстојниов
викенд Ливерпул гостува кај Вест Хем, а Манчестер Сити игра дерби пресметка
против Арсенал пред своја публика.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани