Навивачите на Абердин лудуваат по Миовски, извадија и македонско знаме на трибините (ФОТО)

by
0 минути читање

Миовски денеска даде два гола во победата над Ливингстон, има вкупно 5 во шкотската најдобра лига и во моментов е прв стрелец.

Навивачите на Абердин имаат само позитивни импресии од Македонецот, го величаат на социјалните мрежи, пишуваат дека во нивниот тим игра најдобриот напаѓач, а денеска некои од нив извадија и македонско знаме.

Доколку Миовски продолжи со оваа форма во текот на сезоната, не е чудно Абердин само да биде негова попатна станица до поголем клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×