Навивачи на Наполи стануваат официјални фанови на Реал Мадрид за да дојдат до влезница!

by
1 минути читање

Огромен интерес владее во Неапол за натпреварот со Реал Мадрид од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Италијанскиот клуб за своите навивачи доби 3917 билети, но информациите велат дека уште 6000 навивачи на Наполи ќе бидат во Мадрид, дел од нив на најразлични начини се обидуваат да дојдат до влезница.

Најголемиот дел од нив се очекува да не успеат во намерата и натпреварот да го проследат од улиците во Мадрид, но има и такви кои се снаоѓаат па по некои канали успеваат да дојдат до скапоценото парче хартија.

„Некои навивачи дојдоа до билет благодарение на пријатели фанови на Реал Мадрид, додека други потрошија вистинско богатство за вип местата“ – пишува Газета дело Спорт.

„Но многу повеќе платија чланарина преку интернет за да станат официјални фанови на Реал Мадрид и на тој начин да се обидат да дојдат до билет“.

Како и да е, се очекува Наполи да има околу 10.000 навивачи во Мадрид, а можеби нешто повеќе од половина од нив ќе се најдат на Сантијаго Бернабеу и ќе можат директно да му дадат поддршка на својот тим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани