Навивачите на Реал не простуваат лесно, Камавинга вчера тоа најдобро го почувствува

by Стефан
1 минути читање

Реал Мадрид со победа од 2-1 над Алавес стави крај на серијата од четири натпревари во сите натпреварувања без триумф и се врати на победничките патеки по елиминацијата од Баерн во Лигата на шампионите.

Иако „кралевите“ со ова ја задржаа минималната надеж за шампионската титула, разочарувањето кај навивачите по европскиот неуспех сè уште се чувствува. Најмногу тоа можеше да се забележи со ситуацијата во која беше Едуардо Камавинга. Францускиот фудбалер не беше во стартниот состав, а Арбелоа одлучи да го уфрли во 63-тата минута.

Тогаш од трибините можеа да се слушнат свирежи при секој негов допир со топката. Од друга страна Винисиус при постигнувањето на вториот гол на натпреварот не славеше туку со склопени раце им се извини на навивачите. Претходно стрелец за „кралевите“ беше Килијан Мбапе, додека голот во финишот за Алавес го постигна Тони Мартинез.

Со оваа победа, тимот на Арбелоа на шест кола до крајот заостанува шест бодови зад водечката Барселона. Каталонците имаат шанса да ја зголемат предноста на девет бодови доколку ја совладаат Селта Виго во среда од 21:30 часот.

Standings provided by Sofascore

Можно е и ова да ти се допаѓа

×