Навивачите на Ливерпул со свирежи за Слот по разочарувачкото реми против бледиот Челси (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

„Црвените“ пропуштија шанса да запечатат топ 5 пласман откако одиграа само 1-1 против Челси, кој беше во црна серија од шест порази во низа во Премиерлигата.

На отворањето на 36. коло во Премиерлигата, Ливерпул и Челси одиграа 1-1 на „Енфилд“.

Домаќините одлично го отворија натпреварот, поведоа веќе во 6. минута, Гравенберх пласираше од работ на шеснаесетникот и ја затресе мрежата за 1-1.

„Црвените“ потоа можеа да поведат и со 2-0, Ван Дајк остана осамен на подалечната статива, но биеше над голот.

Избраниците на Слот потоа се повлекоа, Челси ја презеде контролната над играта и изедначија не пет минути пред крајот на првиот дел. По еден слободен удар, никој не ја допре нафрлената топка на Енцо Фернандез, голманот Мамардашвили остана закован на своето место, а топката од стативата заврши во мрежата.

Второто полувреме започна возбудливо, Палмер донесе радост за Челси, но голот беше поништен со ВАР поради офсајд.

На спротивната страна, Куртис Џонс исто така се радуваше, но и овој погодок беше поништен поради офсајд.

Собослаи ја погоди стативата, Ван Дајк ја затресе пречката, но нов гол до крајот на натпреварот не падна, па резултатот остана оној од првото полувреме.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×