Навивач на Бенфика му нудеше пари на судијата за да свирне пенал! (ФОТО)

by riste
1 минути читање

Фан на Бенфика беше креативен, па додека судијата Глен Ниберг проверуваше на ВАР потенцијален пенал за црвените, тој му понуди 50 евра.

Нормално, судијата го игнорираше навивачот и не ги зема парите, но Бенфика доби пенал кој го реализираше Вангелис Павлидис.

Мечот меѓу Бенфика и Монако заврши 3-3, што беше доволно за португалскиот тим да продолжи во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани