Првата пресметка
помеѓу Барселона и Реал Мадрид синоќа во рамките на полуфиналето од Копа дел
Реј заврши без победник, Кралевите први дојдоа до водство, но, домаќинот се
погрижи да избегне пораз пред своја публика, реваншот ќе го даде патникот во
финалето.
Кејлор Навас од
првата минута доби прилика од Солари да брани на голот на Реал Мадрид, наспроти
Куртоа кој мечот го проследи од клупата за резервни фудбалери, а Костариканецот
вели дека нерешениот исход на Камп Ноу е разочарувачки за неговата екипа.
„Нерешениот
резултат од 1-1 е разочарувачки за нас“ рече Навас по мечот.
„Први поведовме и
мислевме дека сме во одлична позиција да го добиеме мечот, се надевавме дека
нема да примиме гол исто така, сега ќе биде комплицирано, ни претстои голема
работа за да избориме место во финалето“ посочи Навас.
„Среќен сум што
стартував од првата минута, уживав во тој момент и ќе продолжам да давам
максимум од себе за овој клуб“ заклучи голманот кој ретко добива шанса од
првата минута, таа улога ја има Куртоа.