Наследничката на Рајола: Кога ќе му кажев на фудбалер дека го носам во Англија прашуваше што згрешил, сега…

by
1 минути читање

Премиерлигата доминира на трансфер пазарот во последните неколку години, дури и екипите кои се борат за опстанок трошат повеќе во споредба со големите клубови од другите првенства.

За тоа како се имаат променето работите најдобро раскажува наследничката на Мино Рајола.

„Кога започнав да работам во овој бизнис, доколку му кажев на фудбалер да го однесам во Англија, ме прашуваше „Што сум згрешил?“. Сега сите сакаат да одат таму. За прв пат во 25 години, играчи ми велат дека сакаат да одат во конкретно првенство, а не во конкретен клуб“ – вели Рафаела Пимента.

„Премиерлигата е фантастично првенство, многу конкурентно, сите сакаат да го гледаат“.

„Реал Мадрид е исклучок од сето ова, имаат посебна магична привлечност поради тоа што често ја освојуваат Лигата на шампиони“.

„Дали големите клубови како Јувентус, Баерн Минхен, ПСЖ или Барселона се уште се привлечни? Да, поради настапот во Лигата на шампиони“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×