Валенти е поранешен тренер во младинските погони на Милан, Јувентус, Парма, беше дел од младинските селекции на Италија, па дојде во Струмица во проектот на италијанско-американскиот конзорциум со Горан Пандев како претседател, да го кренат струмичкиот тим на многу повисоко ниво, како центар за развој на млади таленти.
„Тешко е да изберам таленти како препорака, но ако баш треба има двајца, едниот е фул-бек роден 2006 годиште, Андреј Велков и вториот 2005 годиште, Мартин Ѓорѓиевски. Наскоро ќе чуете и за двајцата“, порача Валенти,
Во пресрет на мечот со Италија, тренерот на Брера додава дека победата во Палермо ги крена и амбициите, ама и очекувањата на јавноста од македонската репрезентација.
„Дуелот со Италија се чека со нетрпение. Таа победа во Палермо ја промени фудбалската историја на Македонија, пред се во големината и амбициите на јавноста, која очекува многу. Поразот на ‘Вембли’ со 7-0 беше тежок, има многу контроверзности, а потежок е тој пораз од Украина после водство од 2-0. Сепак, нивото е многу кренато високо“, додава Валенти.
За крај се осврна и на калчо-иконата Пандев, еден од најголемите македонски играчи на сите времиња.
„Пандев е идол и една од главните причини зашто сум јас во Македонија. Тој е како Марадона за Наполи. Во центарот на Струмица има една ѕвезда и таа е негова“, додава Валенти.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.