Наполи во финишот остана без победа, Интер доби шанса да го преземе врвот! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Во рамките од 25. коло во Серија А екипите на Лацио и Наполи ги поделија бодовите одигрувајќи 2:2.

Лацио прв дојде до водство со голот на Исаксен по само шест минути игра. Наполи сепак брзо возврати и преку Распадори во 13. минута дојде до израмнување.

Со по еден гол на двете страни се замина на полувреме.

Наполи усепа да направи пресврт со автоголот кој си го постигна Марушиќ во 64. Водството на гостите беше актуелно се до 87. минута кога Диа донеше израмнување.

По ова реми Интер доби шанса со победа да го прескокне Наполи на врвот на табелата. „Нероаѕурите“ имаат 54 бода, додека Наполи е на 56.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани