Наполи соопшти многу лоши вести за повредата на Кевин Де Брујне

by bojan
1 минути читање

Актуелниот шампион на Италија соопшти лоши вести за повредата на Кевин Де Брујне, фудбалерот од средниот ред има оштетување од висок степен на задната ложа на десната нога и ќе паузира со месеци.

Заврши 2025 година за Кевин Де Брујне, повредата заработена на синоќешното дерби против Интер е сериозна.

Како што брифираа од таборот на Наполи, фудбалерот од средниот ред има оштетување од висок степен на задната ложа на десната нога.

Актуелниот шампион на Италија не прецизираше колку долго Кевин Де Брујне ќе отсуствува од терените, но за ваков тип на повреда вообичаена пауза е од три до четири месеци.

ФОТО: X/Official SSC Napoli

Можно е и ова да ти се допаѓа

×