„Старата дама“
игра одлично во одбрана оваа сезона, примии само 7 гола на 17 натпревари во
Серија А. Но вечерва избраниците на Макс Алегри настрадаа на гостувањето кај Наполи, и за прв пат по 1993
година, Јувентус прими пет гола на еден натпревар.
Осимен го отвори резултатот
во 16. минута, за на пет минути пред крајот на првото полувреме, Кварацхелија
да реализира за 2-0. Ди Марија прецизно биеше по земја за 2-1 во 42. минута, но
гостите како тука да застанаа.
По десет минути
игра во второто полувреме, Рахмани се снајде најдобро по еден прекин и зголеми
на 3-1. Осимен во 65. минута се запоша по втор пат во листата на стрелци за 4-1, а точка на натпреварот стави Елиф
Елмас.
Во 72. минута,
Македонецот доби топка во фор, го излета Костиќ, биеше со лева и со помош на
Алекс Сандо го матираше Шчесни за 5-1.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.